недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Нетанјаху: Израел ќе ги засили нападите врз Газа

Нетанјаху: Израел ќе ги засили нападите врз Газа

По денешното нагло зголемување на бројот на прекуграничните палестински ракетни напади, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека ќе ги интензивира нападите врз појасот Газа, каде што живеат Палестинци.

„Од вчера војската изврши стотици напади врз Хамас и Исламски џихад во Газа, а ние уште повеќе ќе ги интензивираме нашите напади. На крајот од процената на ситуацијата, беше одлучено да се зголеми силата и бројот на нападите“, рече Нетанјаху во видеопорака заканувајќи се дека „сега Хамас ќе добие удари што не ги очекуваше“.

Тој тоа го рече дека откако две жени беа убиени во директни ракетни напади врз две куќи во израелскиот град Ашкелон.

„За секој ден напади врз израелски граѓани, ние ќе ги уназадиме терористичките организации. Нема да застанеме додека не се врати затишјето“, рекол израелскиот министер за одбрана Бени Ганц на состанокот со Нетанјаху, воените претставници и локалните власти.

Ганц рекол дека безбедносните сили „им предизвикале и ќе продолжат да им предизвикуваат сериозна штета на Хамас и Исламски џихад“.

Израелската војска изврши нови напади врз упориштата на екстремистите во појасот Газа, вклучувајќи ја и канцеларијата на висок командант на Хамас, контролни пунктови, воен комплекс и складиште за оружје.

Тревога за ракети има во Сдерот и други израелски погранични места, а продолжува баражниот ракетен оган врз Ашкелон и судирите што почнаа во понеделникот вечерта со ракетните напади врз Израел од појасот Газа.

ЕУРО 2020

Македонија