четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 94
home Вести

Несреќа во рудник во Кина: Двајца рудари загинаа, 18 се заглавени во окното (ВИДЕО)

Несреќа во рудник во Кина: Двајца рудари загинаа, 18 се заглавени во окното (ВИДЕО)

Две лица се загинати, 18 заробени, а две спасени во несреќа која се случила во рудник за јаглен на истокот од Кина кога карпа уништила дел од тунел во рудникот.

Според пишувањата на кинеските медиуми, до случајното пукање на карпата дошло при ископ во рудник во текот на вчерашниот ден. Дел од тунелот за одвод на вода е уништен во експлозија.

Во рудникот, за време на несреќата имало околу 300 рудари, од кои најголем дел успеале да се спасат.

Во спасувачката акција учествуваат околу 140 лица. Причината за несреќата се уште се истражува.