Пет лица се полесно повредени кога кран се урна во пристаништето во северниот германски град Росток, соопшти полицијата.
Дел од кранот паднал на брод во кој, во моментот на несреќата , имало 120 лица.
Инцидентот се случил при тестирање на кранот, што бил прикачен на бродот.
Портпаролот на полицијата изјави дека спасувачките служби ги однеле повредените во болницата во Росток.