сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 90
home Вести

Нереални сцени од Нов Зеланд: Публика без маски на концерт на познат бенд

Нереални сцени од Нов Зеланд: Публика без маски на концерт на познат бенд

Коронавирусот речиси ја зави во црно музичката индустрија, бидејќи настапите поради пандемијата се скоро невозможни. Светлината на крајот од тунелот сè уште постои. Концертот на групата „Crowded House“ во Нов Зеланд дава еден вид оптимизам.

Имено, како што можете да видите на снимката, додека свири славниот бенд, голема публика ужива во музиката без маски.

Патем, епидемиолошката состојба во оваа земја е поволна, а денес само 9 лица се позитивни на коронавирусот.

Поранешниот кошаркар на НБА, Рекс Чепмен, на својот Твитер профил ги сподели овие нереални сцени што се случија во Нов Зеланд.

– Нов Зеланд ја слуша науката уште од почетокот на пандемијата. Ова е Нов Зеланд неделава. Без маска, нема заклучување … – напиша поранешниот кошаркар на Шарлот, Фининкс и другите НБА лиги.

Погледнете го видеото:

Погледнете друга снимка од концертот:

Локални избори 2021