вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 21
home Вести

НЕПОЗНАТА БОЛЕСТ СЕ ПОЈАВИ ВО ТАНЗАНИЈА: 15 починати и над 50 хоспитализирани

НЕПОЗНАТА БОЛЕСТ СЕ ПОЈАВИ ВО ТАНЗАНИЈА: 15 починати и над 50 хоспитализирани

Во Танзанија, од болест која сè уште не е дијагностицирана, починаа 15 лица, а повеќе од 50 лица се хоспитализирани.

Болеста, која предизвикува вртоглавица, гадење и повраќање на крв, се појави во градот Мбеја, во западниот дел на земјата.

Фелиста Кисанду, директорка на Управата за јавно здравје, пред новинарите изјави дека досега се хоспитализирани десетици луѓе и дека сите имале слични поплаки.

Наведувајќи дека причината за болеста сè уште не е утврдена, Кисанду рече дека прелиминарните студии покажуваат дека повеќето од пациентите се мажи кои претходно имале чир на желудникот или црниот дроб.

Министерката за здравство на Танзанија Дорот Гваџима изјави дека е испратен експертски тим во регионот за да се испита ситуацијата.

Во 2018 година, голем број луѓе со слични поплаки беа хоспитализирани во регионот Мбеја.

ЕУРО 2020

Македонија