среда, 16. јануари 2019. Вести денес: 116
home Вести

Неочекуван пресврт во случајот со претепаниот политичар: Полицијата ги прегледала надзорните камери и открила дека функционерот лажел

Неочекуван пресврт во случајот со претепаниот политичар: Полицијата ги прегледала надзорните камери и открила дека функционерот лажел

Неочекуван пресврт во случајот на претепаниот германски политичар, полицијата во Бремен објавила дека тој не бил претепан, туку бил само турнат на земја.

Франк Магниц, лидер на десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) во локалниот парламент тврдел дека во понеделникот навечер бил нападнат од страна на тројца мажи кои го претепале со палки.

По два дена, полицијата ги прегледала надзорните камери и објавила дека Магниц бил нападнат од три лица, но не бил нападнат со никакво оружје. Неговите повреди се последица од паѓањето на земја.

АФД во соопштението навела дека напаѓачите го тепале Магниц и откако тој паднал, но полицијата наведува дека на камерите јасно се гледа како тие, откако жртвата паднала, веднаш побегнале. Двајцата работници за кои партијата тврди дека го спасиле политичарот од насилниците, дошле откако тие избегале, го виделе крвавиот Магниц како лежи на земја и повикале Итна помош.

Алтернатива за Германија веднаш остро реагирала на ваквите информации, наведувајќи дека “не е важно какво оружје било употребено, но и дека Франк бил нападнат со некој вид на палка”.

Полицијата го променила карактерот на нападот од обид за убиство во нанесување на тешки телесни повреди, а сѐ помала е веројатноста и дека зад нападот стојат политички мотиви како што велат од партијата.

Магниц во средата на своја одговорност ја напуштил болницата и потврдил дека веројатно станува збор за обид за грабеж.