четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 53
home Вести

НЕОБИЧНО ОТКРИТИЕ ВО ВСЕЛЕНАТА: Пронајдени непознати организми, се огласија генетичарите (ФОТО)

НЕОБИЧНО ОТКРИТИЕ ВО ВСЕЛЕНАТА: Пронајдени непознати организми, се огласија генетичарите (ФОТО)

Четири нови соеви на бактерии се откриени на Меѓународната вселенска станица, од кои три се целосно непознати за научниците.

Истражувачи од САД и Индија, заедно со агенцијата НАСА, изолираа три од четирите нови соеви, од кои едниот беше пронајден во куполата (опсерваторија), а другиот на површината на масата. Едниот вид бил пронајден во стариот филтер кој бил вратен на Земјата во 2011 година.

Сите четири соеви припаѓаат на семејството на бактерии кои се наоѓаат во почвата и свежата вода, кои помагаат во растот на растенијата и елиминирање на растителните патогени. Астронаутите со години одгледуваат помали количини храна на вселенската станица, па не е ни чудо што таму се пронајдени растителни микроби, пишува Science Alert.

Бактериите пронајдени во филтерот припаѓаат на веќе познатиот вид Methylorubrum rhodesianum. Сепак, по секвенционирањето на преостанатите три соеви, утврдено е дека сите припаѓаат на исти, претходно неидентификувани видови. Овие соеви беа именувани: IF7SW-B2T, IIF1SW-B5 и IIF4SW-B5.

Генетичарот Свати Бијлани од Универзитетот во Јужна Калифорнија и неговите колеги предложија овој нов вид бактерија да го носи името Methylobacterium ajmalii по Ајмал Кан, познат индиски научник.

– Одгледувањето растенија на екстремни места со минимални ресурси бара изолација на нови микроби кои им помагаат на растенијата да растат во стресни услови, објаснуваат генетичарите Кастури Венкатесваран и Нитин Кумар Синг од ЈПЛ, институт на НАСА.

Бидејќи веќе знаеме дека овие микроби можат да преживеат тешки услови на ISS, научниците спроведоа генетска анализа на овие четири соеви за да ги идентификуваат гените што можат да се користат за стимулирање на растот на растенијата.

Откриле дека еден од соевите, IF7SW-B2T, има гени вклучени во растот на растенијата. Меѓу нив е и оној што поттикнува поделба на клетките во корените и ластарите.

ЕУРО 2020

Македонија