сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 93
home Вести

Необично извинување на крадец: Ти го украдов лаптопот, но кажи ми што ти треба од него, ќе ти испратам на мејл (ФОТО)

Необично извинување на крадец: Ти го украдов лаптопот, но кажи ми што ти треба од него, ќе ти испратам на мејл (ФОТО)

Извинување од крадецот и неговата понуда за „ублажување” на последиците од кражбата се последното нешто што еден млад човек од Англија очекувал да добие само неколку часа откако му бил украден лаптопот.

Но, токму тоа се случило. Додека бил очаен поради кражбата на лаптопот, на неговиот мејл му стигнала порака.

– Здраво, мене ми е многу жал што ти го зедов лаптопот. Јас сум екстремно сиромашен и ми требаат пари. Ти ги оставив твојот телефон и паричникот, па се надевам дека тоа барем малку ќе се искупам за ова- напишал во пораката неименуван крадец.

„Треба уште да му се заблагодарам”, се запрашал младиот човек, но продолжението уште повеќе го вџашило.

– Гледам дека си студент. Ако има било какви фајлови, твои документи за факултет на лаптопот, само кажи ми и јас ќе ти ги испратам на мејл. Уште еднаш, жал ми е – напишал крадецот, кој очигледно го мачи грижата на совест.

Цимерот на оштетениот, Стиви Вилијамс, објави фотографија од пораката на Твитер, која за кратко време стана хит, а коментарите за случајот се различни.

– Ова малку ми го крши срцето.

– Ова е највоспитаниот крадец што сум го видел.

– Ок, мејлот делува слатко, но, ликот украл лаптоп на студент! Студентите исто така се без пари! И сега овој треба да смисли како да се добие нов компјутер или како, додека не го стори тоа, да ги завршува своите обврски.

Коронавирус