среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 177
home Вести

Необичен скелет од хуманоид пронајден кај Ла Манш

Необичен скелет од хуманоид пронајден кај Ла Манш

На островот Гернзи во Ла Манш, археолозите пронашле скелет што на многумина ќе им изгледа необично, како да припаѓал на суштество со едно око, а не на човек.

Скелетот во гробот, како што претпоставуваат стручните лица, му припаѓал на човек висок 152 сантиметри… Но, тој има чуден облик на нозете, невообичаена структура на коските, плоснато лице и само една голема очна празнина, така што обичен човек да си помисли дека останките се од киклоп.

Сепак, стручните објаснувања и претпоставки говорат дека човекот најверојатно починал од директен удар во лицето којшто му го скршил черепот, па така, наместо две очни празнини, на тоа место има една поголема кругла празнина.

Се претпоставува дека се работи за скелет на монах, но лабораториските испитувања допрва претстојат.

Коронавирус