среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 116
home Вести

НЕМИРИ ВО МОСКВА ПО ПРЕСУДАТА НА НАВАЛНИ – полицијата на терен, уапсени неколку млади лица (ФОТО+ВИДЕО)

НЕМИРИ ВО МОСКВА ПО ПРЕСУДАТА НА НАВАЛНИ – полицијата на терен, уапсени неколку млади лица (ФОТО+ВИДЕО)
ФОТО: YURI KOCHETKOV / EPА

Полиција во Москава уапси неколку, претежно помлади учесници на нелегални протести во центарот на руската престолнина.

По одлуката на руското правосудство за промена на условната казна за лидерот на опозицијата Алексеј Навални на затворска казна, неговите симпатизери беа поканети да протестираат на плоштадот Манежнаја преку социјалните мрежи, пренесува ТАСС.

Демонстрантите се собраа на различни локации во Москва, барајќи ослободување на Навални, пишува „Москва тајмс“.

Тие скандираа „Русија без Путин“ и „Путин е крадец“.

Забележано е зголемено полициско присуство и безбедносни мерки и во други делови на руската престолнина со цел да се спречи ширењето на демонстрациите.

ЕУРО 2020

Македонија