понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 135
home Вести

Немири во боливиските затвори поради Ковид-19

Немири во боливиските затвори поради Ковид-19

Смртта на еден затвореник, за кој има сомнение дека бил заразен со новиот коронавирус иницира немири во четирите најголеми затвори во боливискиот регион Кочабамба.

Затворениците бараат лекарска помош и лекови за да се спречат нови смртни случаи од последици од Ковид-19.

Заштитникот на правата на граѓаните на Кочабамбе, Нелсон Кокс повика лекарски екипи да ја проценат ситуацијата во затворите.

Кокс истакна дека од последици од Ковид-19 починале осум затвореници, поради што е зголемена загриженоста за ширењето на вирусот во затворите.

Боливиските власти пријавија над 60 смртни случаи од последици од новиот коронавирус во пренатрупаните затвори ширум земјата.

Во Боливија досега се регистрирани 71.181 заразени лица со Ковид-19, од кои 2.647 починале, а оздравеле 21.478 луѓе.

Коронавирус