недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 41
home Вести

Нема опасност пред Бакингемската палата, сообраќајот нормализиран

Нема опасност пред Бакингемската палата, сообраќајот нормализиран

Веќе не постои опасност во реонот на Багингемската палата во Лондон во врска со сомнителното бело комбе, кое беше паркирано во близина на официјалната резиденција на британската кралица Елизабета Втора, соопшти полицијата.

По извршениот полициски увид утврдено е дека возилото не претставува опасност и сообраќајот околу палатата е нормализиран.

Претходно беше соопштено дека лондонската полиција уапсила едно лице, а околу Багингемската палата е поставен кордон, откако во близина било запрено едно сомнително возило. Бил приведен маж на возраст од 30 години под сомнеж дека го нарушувал јавниот ред и мир.

МИА

Коронавирус