вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 23
home Вести

Нема недостиг на лекови, тврдат од „Пфајзер“ и од „Мерк“

Нема недостиг на лекови, тврдат од „Пфајзер“ и од „Мерк“

Фармацевтските лаборатории „Пфајзер“ и „Мерк“ соопштија денеска дека нивните фабрики работат нормално. Тие ги отфрлија тврдењата дека има недостиг на нивните лекови, и покрај прекините во синџирот на снабдување, предизвикани од пандемијата на новиот коронавирус.

Санитарната криза воопшто не ја поштеди фармацевтската индустрија, која стравува од од пад на лекови на рецепт, како резултат на карантински мерки и самоизолација. Ова се причините за намалување на посетите на лекарите и одложување на операции.

До денеска, Пфајзер не идентификувале значително нарушување во синџирот на снабдување и во сите производствени капацитети низ целиот свет.

Мерк исто така нагласи дека ги увериле пациентите со напреден меланом, рак на грлото и рак на белите дробови дека нема да има прекин во нивниот третман заради нарушувања во снабдувањето со лекови против рак на компанијата.

ЕУРО 2020

Македонија