вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 186
home Вести

Нема криза за Amazon – Отворени 75 илјади работни места за да се постигне со нарачките

Нема криза за Amazon – Отворени 75 илјади работни места за да се постигне со нарачките

Дел од економските субјекти веќе бројат огромни загуби за февруари, март и април кога речиси насекаде во светот настапија рестриктивни мерки за движење, работа од дома, а со тоа и голем застој на светската која сигурно влегува во рецесија.

Сепак, економската криза за некои сектори и компании значи и можност за успех и зголемен профит. Меѓу нив е технолошкиот гигант Amazon кој ќе отвори нови 75 илјади работни места во сите земји во кои има директна достава на производи, како и на извршување на онлајн нарачки.

Од друга страна Amazon се соочува и со критики дека работниците во магицините и тие што се директно изложени на опасност од ширење на корона вирусот претставуваат поголема опасност отколку економските загуби. Во одредени стоваришта на Amazon се случија и протести на вработените бидејќи тие и натаму работат без оглед на рестриктивните мерки за движење и наметнатиот домашен карантин.

Amazon ќе воведе термални сензори со цел при влегување на работното место да се мери температурата на вработените, а ќе им се поделат маски и заштитна опрема со цел да не се дозволи брзо ширење на корона вирусот.

Компанијата која добар дел од приходите ги генерира преку е-трговија планира да одговори целосно на зголемената побарувачка од корисниците за производи и стоки, особено во време кога многу побезбедно е да се купува онлајн, отколку да се оди во физички продавници.

За сите ангажирани вработени на Amazon во време на криза компанијата е подготвена да издвои половина милијарда долари за зголемување на платите, односно за околу 150 милиони долари повеќе од првично планираното на глобално ниво каде има операции.

Локални избори 2021