вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 172
home Вести

Неколкумина повредени откако возило влета во кафуле во Берлин

Неколкумина повредени откако возило влета во кафуле во Берлин

Неколку луѓе денеска се повредени во Берлин откако возило удри во кафуле, соопшти германската полиција.

Но, во соопштението не се наведени повеќе детали, освен тоа дека инцидентот најверојатно не е поврзан со тероризам.

Се претпоставува дека возачот веројатно имал здраствени проблеми.

– Според првичната истрага на нашите колеги, што е спроведена на лице место, возачот имал здраствени проблеми, објави берлинската полиција на Твитер.

Во Германија степенот на готовност е подигнат на високо ниво откако пред две години туниски екстремист со украден камион влета на божиќен панаѓур во Берлин, при што загинаа 11 луѓе.  (МИА)

Коронавирус