вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 25
home Вести

Неколку насукани китови ќе мора да бидат успиени

Неколку насукани китови ќе мора да бидат успиени

Неколку китови кои го преживеаја масовното насукување на Тасманија ќе бидат еутаназирани бидејќи не можат да бидат извлечени, соопштија австралиските спасувачи.

Според нив четири китови се многу исцрпени за да можат да преживеат, па мора да бидат успиени, бидејќи тоа е најхуманата работа што може да се направи.

Спасувачите во вода пуштија околу 70 китови, а најверојатно уште 20 ќе бидат вратени во море. Во Австралија веќе угинаа околу 380 китови.

Се уште не е одлучено што ќе прават со телата на угинатите китови, дали ќе ги остават или закопаат на плажата, ќе бидат фрлени на депонија или во море. (МИА)

Коронавирус