недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 68
home Вести

Неколку месеци продавале лажни вакцини, уапсени 80 лица во Кина

Неколку месеци продавале лажни вакцини, уапсени 80 лица во Кина

Кинеската полицијата од септември досега во три града уапсила повеќе од 80 лица вклучени во продажбата на фалсификувани вакцини, јавија денеска кинеските државни медиуми.

Апсењата биле извршени во градовите Џангсу, Пекинг и Сандонг, а кинеската агенција Ксинхуа соопшти дека биле запленети 3.000 лажни вакцини.

Ксинхуа наведе дека кинеското Министерство за јавна безбедност отворило истрага за измами со создавање и фалсификување вакцини.

Полицијата, додава кинеската агенција, открила дека лицата кои биле вклучени во криминалната акција од септември 2020 година „оствариле голем профит продавајќи лажни вакцини по високи цени“.

Кина го вакцинира своето население со домашните вакцини „Синовак“ и „Синофарм“. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија