понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 8
home Вести

Неизвесно укинувањето на сезонското сметање на времето во 2019

Неизвесно укинувањето на сезонското сметање на времето во 2019

Укинувањето на сезонските промени во сметањето на времето може да не се случи во 2019 поради отсуство на консензус кај земјите членки на ЕУ.

Ова го потврди денеска австрискиот министер за транспорт, Норберт Хофер, чија земја претседава со ЕУ до јануари.

-Ако бараме да се направи тоа во 2019 како што сугерира Комисијата, тоа нема да биде поддржано од мнозинството земји членки, изјави Хофер.

Европската Комисија по широка консултација со европската јавност најави дека ЕУ ќе ги укине летното и зимското сметање на времето. Нејзината амбиција е тоа да се случи веќе во 2019 година.

На земјите членки останува одлуката дали ќе го одберат летното или зимското сметање на времето, а изборот треба да и го соопштат на Европската Комисија до април 2019.

-Во одредни области технички подготовки ќе бидат потребни, на пример авиокомпаниите ни велат дека им се потребни најмалку осумнаесет месеци за да се подогтват, изјави австрискиот министер.

Тој предупреди дека треба да се внимава да не се создаде „пачворк“ од временски зони.