среда, 12. мај 2021. Вести денес: 1
home Вести

Неговиот татко имал 125 жени, тој само 15: А сега разбесни многумина затоа што го промени името на својата држава

Неговиот татко имал 125 жени, тој само 15: А сега разбесни многумина затоа што го промени името на својата држава

Ретки се луѓето на светот  кои можат да променат име на една држава, пишува Би-Би-Си и истакнува дека „кралот Мсвати може“.

Кралот Мсвати Трети од Свазиленд најави дека го менува името во Кралство еСватини, во текот на прославата на 50 години од стекнување на независнот.

Освен тоа прославен беше и 50-от роденден на кралот.

Името еСватини значи „земја Свазија“.

Иако промената не била очекувана, кралот Мсвати веќе со години го користи еСватини место Свазиленд. На пример, тоа име беше користено кога кралот се обрани пред Генералното собрание на ОН во 2017 година.

Би-Би-Си истакнува дека промената на името разбеснела многу луѓе во Свазиленд, кои сметаат дека кралот повеќе внимание би требало да посвети на економијата.

Кралот Мсвати инаку има 15 жени, додека неговиот татко во текот на владеењето долго 82 години имал 125 жени, истакнува Би-Би-Си.

Коронавирус