вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 81
home Вести

Не знаела дека ја снима камера: Мајка го оставила бебето во контејнер и си заминала

Не знаела дека ја снима камера: Мајка го оставила бебето во контејнер и си заминала

Жена од Тајланд го оставила новороденчето во контејнер и на мотор заминала како ништо да не случило.

Жената се породила пред неколку дена во својот стан во Самут Пракан, меѓутоа решила да се ослободи од детето.

Надзорните камери ја снимија како доаѓа со контејнерот со мотоцикл, заедно со уште едно дете. Новороденото бебе го завиткала во прекривка и го оставила во кеса покрај ѓубрето, а минувачите не забележале ништо чудно. Неколку часа подоцна ѓубреџијата го забележал бебето и веднаш ги повикал сите служби. Бебето сега се наоѓа во болница и е во добра состојба.

Полицијата почнала да го истражува случајот, а истрагата ги довела до мајката која ја пронашле во тешка физичка состојба. Ја одвеле жената во болница поради обилно крварење. Во полиција признала се и раскажала дека имала четири деца и дека не можела да го издржува и петтото. Бидејќи немала доволно пари за храна, како што рекла, го оставила детето со надеж дека некој ќе го пронајде и ќе го земе.

„Мојот маж е возач. Заработува 250-300 долари месечно и тоа не е доволно за големото семејство“, раскажала оваа жена.

„Не сакав да го убијам. Го родив во тоалетот и сама ја пресеков папочната врвца. Не сакав да го убија,. Го оставив таму со надеж дека некој ќе го пронајде кој би можел да се грижи за него. Ми беше страв да не ме види некој па брзо побегнав. Жал ми е поради се“, додаде таа.