сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 69
home Вести

Не знаеја дека тоа ќе им биде последно возење: Лимузина удри во знак, загинаа 20 лица, меѓу нив и четири сестри (ВИДЕО)

Не знаеја дека тоа ќе им биде последно возење: Лимузина удри во знак, загинаа 20 лица, меѓу нив и четири сестри (ВИДЕО)

Дваесет лица загинаа кога лимузина која возела луѓе на забава се забила во знак „стоп“, па потоа во повеќе автомобили во државата Њујорк во САД.

Загинале сите 18 лица во лимузината, како и два пешаци, затоа што лимузината после ударот завршила на тротоар во градот Шохаир.

Причината за несреќата се уште не е позната.

Мери Дајсон, Аби Џексон, Ејми Стинбург и Алисон Кинг се четирите сестри кои загинале кога белата лимузина во која се возеле заедно со сопрузите, 9 пријатели и возачот се забила во знак „стоп“ при брзина од 120 километри на час.

-Беа многу, многу блиски. Една од нив само што се венчаше. Сопругот сакаше да и приреди роденденска забава за паметење и затоа изнајмија лимузима, вели еден од браќата на четирите сестри во изјава за Њујорк пост.

-Тие беа како четирите мускетари. Нашите родители се во шок. Не имаа нас, седум браќа и сестри, а сега останавме без нив четири, додал тој додека со солзи во очите пред семејниот дом разговарал со новинарите.

Ајми Стинбург, најмладата сестра, славела роденден. Таа се омажила пред само два месеци.

Сопругот сакал да ја изненади со целодневен излет покрај нивниот крај, па за роднините и друштвото изнајмил автобус кој требал да оди во посета на локалните винарии и пивари.

Меѓутоа, автобусот се расипал, па барал замена за превоз и изнајмил долга бела лимузина, во која биле сите 18 поканети лица.

Лимузината се спуштала надоле по пат и наеднаш се забила во знак „стоп“, па во паркирани возила кои покосиле двајца минувачи, кои загинале. Потоа продолжила надоле преку тревник и се забила во стебла покрај покрај продавница.

Сите 18 лица во лимузината биле мртви.

-Тек започнаа со своите живот, најстарата имаше 35, а најмладата 30 години. Беа млади и успешни. Некои од нив имаа и деца, раскажа на местото на несреќата нивната тетка.

Меѓу поканетите во лимузината имаше уште еден млад брачен пар, Шејн и Ерин Макгован, кои се венчаа во јуни. Сите патници во лимузината беа доста блиски, едни на други си биле кумови, пријатели…

Ова е најтешка сообраќајна несреќа во Америка во последните десет години.

Коронавирус