среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 108
home Вести

Не се смируваат односите меѓу Анкара и Париз

Не се смируваат односите меѓу Анкара и Париз

Односите меѓу Франција и Турција продолжуваат да се влошуваат, имено претседателот Реџеп Таип Ердоган ги повика Турците да ги бојкотираат француските производи, додавајќи им со тоа додатни аргументи на критиките што ги упатуваат кон Емануел Макрон на Блискиот исток по неодамнешните забелешки за одбрана на слободата на изразување за карикатурите на пророкот Мухамед, јави дописникот на МИА.

-Исто како што во Франција некои велат „не купувајте турски брендови“, јас од тука и се обраќам на мојата нација: пред сè, не обрнувајте внимание на француските брендови, не ги купувајте, рече Ердоган во својот говор до Анкара.

Турскиот претседател го спореди и односот кон муслиманите во Европа со оној кон Евреите пред Втората светска војна, обвинувајќи некои европски лидери за „фашизам“ и „нацизам“. „Кампања за линчување слична на таа против Евреите во Европа пред Втората светска војна се води против муслиманите“, рече тој.

– Европските официјални лица мора да кажат стоп „за кампањата за омраза“ што ја води Макрон, рече Ердоган.

Претседателот Емануел Макрон, кој е предмет на новата полемика со Турција и повикот за бојкот на француските производи во арапскиот свет, пушти неколку твитови во кои се потврдуваат неговите вредности, и особено се истакнува неговото одбивање на „говорот на омраза“.

-Слобода, ја цениме; еднаквост, ние го гарантираме тоа; братство, ние го живееме со интензитет. Ништо нема да нè натера да се повлечеме, никогаш, напиша Макрон, кој исто така твиташе верзии на англиски и арапски јазик.

-Нашата историја е борба против тиранијата и фанатизмот. Ни ќе продолжиме“, продолжува тој: „Ќе продолжиме. Ние ги почитуваме сите разлики во духот на мирот. Ние никогаш не прифаќаме говор на омраза и се залагаме за разумна дебата. Ќе продолжиме. Ние секогаш ќе застанеме на страната на човечкото достоинство и универзалните вредности“.

Емануел Макрон твитна неколку минути по реченицата на англиски јазик „Ние сме ЕДНИ“, со поднаслов „ние сме обединети“. Фразата „Ние сме едно“ се појавува во песната „Еден“, од групата У2, избрана од семејството на Самуел Пати за време на церемонијата на оддавање почит, во дворот на Сорбона, на професорот убиен од исламист.

Франција ги повика владите на засегнатите земји да ги „запрат“ повиците за бојкот на француските производи, како и демонстрациите што беа започнати муслиманскиот свет по неодамнешните забелешки на претседателот Емануел Макрон за исламот, во контекстот на почитта кон сеќавањето на Самуел Пати.

Коронавирус