понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 151
home Вести

Не ги пуштила децата во училиште бидејќи се плаши од коронавирус: Британка се соочува со затвор 

Не ги пуштила децата во училиште бидејќи се плаши од коронавирус: Британка се соочува со затвор 

Британка, мајка на две деца во основно училиште, се соочува со затворска казна бидејќи одбила да ги испрати своите деца на училиште поради коронавирусот. Покрај тоа, властите ѝ се закануваат и со казна од 3.000 евра.

Кејти Симпсон е невработената самохрана мајка од градот Редкар во Северен Јоркшир, Англија. Таа одлучила нејзиниот син Дејмиен и ќерката Алиша (шестгодишни) да останат дома. Се плаши дека таа и децата може да починат од компликации од астма, дијабетес и проблеми со тироидната жлезда, доколку се заразат од коронавирус.

-Бројот на луѓе со кои моите деца би можеле да стапат во контакт е голем и јас не би била безбедна. А, синот има астма, па затоа не станува збор „само за мене“. Сега ми се закануваат и со суд. Не сум сигурна дека ќе одам на суд, затоа што сум исплашена, изјави Симпсон.

Така, откако тие едвај ја напуштале куќата од почетокот на пандемијата во март, од училиштето ѝ испратиле официјално предупредување дека децата мора да дојдат на училиште.

Според законите во Велика Британија, родителите кои не ги испраќаат своите деца на училиште без оправдување го кршат законот и се соочуваат со затворски и финансиски казни. Во писмото од службеникот на училиштето пишувало дека отсуството од училиште им штети на учениците и тие не може да добијат соодветно образование.

И покрај сѐ, Кејти вели дека нема намера да ги испрати децата на училиште.

-Нема две опции, има само една. Ако го добијам тој вирус, ќе умрам. Јас сум самохрана мајка, немам никој на светов да ми помогне со моите деца. Не можам да го преземам тој ризик. И да е сезонски вирус или грип, го добивам и тешко оздравувам. Коронавирусот уби многу луѓе и сите наскоро пак ќе бидеме во карантин. Се чини дека работите ќе се влошат, вели таа. (МИА)

Коронавирус