среда, 12. мај 2021. Вести денес: 179
home Вести

Навални штрајкува со глад, управата на затворот тврди: Тој ја добива потребната медицинска нега

Навални штрајкува со глад, управата на затворот тврди: Тој ја добива потребната медицинска нега

Рускиот опозоционер Алексеј Навални ја доби потребната медицинска нега во согласност со неговата здравствена состојба, објавено е од Казнено-поправниот дом во регионот Владимир.

– Затвореникот Навални ја доби потребната медицинска помош во согласност со неговата сегашна дијагноза – се наведува во соопштението на управата на затворот, кажува ТАС С, а пренесува Танјуг.

Навални вчера најави штрајк со глад, жалејќи се на несоодветна медицинска нега во затворот.

Сепак, затворската управа оцени дека Навални се третира во согласност со законот и дека тоа важи за сите затвореници.

– Чуварите во затворот строго набљудуваат дали нечии права се загрозени и се води сметка да им се обезбеди осумчасовен сон. Во текот на денот, чуварите ги посетуваат, минуваат покрај ќелиите и тие мерки не го вознемируваат остатокот од затворениците – се додава во соопштението.

Коронавирус