четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Навални првпат се огласи од затвор: Возбудливо ми е, сушиме крекери

Навални првпат се огласи од затвор: Возбудливо ми е, сушиме крекери

Рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој е осуден на две ипол години затворска казна, се огласи на Инстаграм и порача дека е добро.

-Здраво, ова се ушт е Навални. Од Владимирската област. Кога на затвореник ќе му се каже „Владимирска област“ станува тажен, таква е репутацијата кај локалните институции. Но, со мене е се во ред, во дворот за вежбање постои дури и хоризонтална лента, напиша Навални.

Во објавата тој додава дека не добил писма, а уште помалку знае за тоа што се случува во надворешниот свет.

-До библиотеката се уште не сум стигнал, бидејќи единствена забава се експерименти на полето од високата кујна, што го олеснува фактот дека храната од затворската тезга исто така се уште не е достапна. ерувале или не, сушиме крекери и никогаш не сум помислил дека може да биде толку возбудливо. Сега имаме натпреварува меѓу две кујни: улична и молекуларна, пишува Навални кој додава дека крекерите ги суши заедно со затворениците Сергеј и Дмитриј.

На сите им посака добро здравје и да не заборават на „здрава храна“.

-Се надевам дека сте добро и дека не ви е досадно, напиша Навални на Инстаграм.

Коронавирус