понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 176
home Вести

Навални денеска ќе ги поднесе документите за кандидатура за претседателските избори

Навални денеска ќе ги поднесе документите за кандидатура за претседателските избори

Опозицискиот кандидат во Русија, Алексеј Навални, денеска ќе поднесе документи за кандидатура за претседателските избори во Русија во 2018 година до Централната изборна комисија на таа земја, која ќе одлучи дали ги исполнува условите за кандидатура.

Околу 800 негови поддржувачи се собраа денеска на формален состанок и изразија поддршка за неговата кандидатура.

Навални важи за најсилниот противкандидат за рускиот претседател Владимир Путин.

Меѓутоа, тој е кривично осуден, па Централната изборна комисија може да му го забрани учеството на изборите.

Според анкетите, во водство е Путин со поддршка од околу 80 отсто. Претседателските избори во Русија се закажани за март следната година.

Коронавирус