вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 86
home Вести

Навални бил отруен

Навални бил отруен

Германската влада потврди, Навални е отруен со воен нервен отров. Воената лабораторија на Германија го потврди она за што се сомневаше веќе некое време: Водечкиот противник на рускиот претседател Владимир Путин, Алексеј Навални е отруен со воен нервен агенс од групата новичок.

„Со дозвола на Универзитетската болница Шарита, специјалната лабораторија на Федералната армија, спроведе тестирање на примероците од Алексеј Навални. Така, присуството на воен отров од групата новичок е несомнено утврдено.“ – изјавија од германската влада.

Сопругата на Навални и лекарите се информирани за резултатите од тестовите, а рускиот амбасадор во Берлин ќе биде информиран за ова. Тие исто така наведоа дека ќе ги информираат своите партнери во ЕУ и НАТО и ќе се договорат за дополнителни чекори со нив, стои во соопштението.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска ја повика Русија да го испита труењето на Алексеј Навални

„Ние силно го осудуваме овој напад, Затоа е уште поитно да се идентификуваат одговорните во Русија и тие да одговараат.“ – изјави Мас.

Кремљ пак, не е запознаен со заклучоците на германските власти дека рускиот опозициски лидер наводно е отруен со „новичок“, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Димитриј Песков. Таквите информации не ни се испратени – изјави Песков, пренесуваат руските медиуми.

Навални, најжестокиот критичар на Путин, колабираше во авион кон крајот на август откако испи чај на аеродромот. Неколку дена се наоѓаше во критична состојба и беше префрлен од Сибир во Германија на лекување. Руските доктори тврдеа дека во неговото тело не биле пронајдени токсини за време на тестирањето, но портпаролот на Навални од првиот ден вели дека тој е отруен. Навални се наоѓа во болница во Берлин, каде што се уште е во кома.

Коронавирус