петок, 30. јули 2021. Вести денес: 111
home Вести

Научниците тврдат: Вакцинацијата ја ослабела врската меѓу заразата и смртноста од Ковид-19

Научниците тврдат: Вакцинацијата ја ослабела врската меѓу заразата и смртноста од Ковид-19
МИА

Масовната кампања за вакцинација против Ковид-19 во Велика Британија ја ослабе врската помеѓу заразата со коронавирус и смртниот исход, но сè уште не е прекината целосно, изјави денеска шефот на научното советодавно тело на британската влада.

Питер Хорби, претседател на владиното советодавно тело, за Би-Би-Си изјави дека Велика Британија има „многу помалку хоспитализации“.

На прашањето дали има доволно докази дека вакцините ја прекинале врската помеѓу вирусот и тешките форми на болест и смрт, тој рече: „Тие сигурно ја ослабнаа таа врска“.

Првата доза на вакцината ја примиле повеќе од 80 проценти од возрасната популација, а втората повеќе од 60 проценти, покажуваат официјалните податоци.

– Дефинитивно гледаме повисоки стапки на инфекции, но и многу помалку хоспитализации, така што таа врска е навистина многу послаба, што е навистина фантастично, но сè уште не е целосно раскината, рече Хорби.

Коронавирус