петок, 26. февруари 2021. Вести денес: 19
home Вести

Научниците откриват колку долго се формира имунитетот на Ковид-19

Научниците откриват колку долго се формира имунитетот на Ковид-19

Американските научници докажале дека реакцијата на ткн мемориски Б-клетки, кои формираат долгорочен имунолошки одговор на SARS-CoV-2 коронавирусот, се развиваат во рок од шест месеци по заразата, а резултатите од нивното истражување се објавени во научното списание Nature.

Имунолошкиот систем е комплексна мрежа од клетки и протеини кои го штитат организмот од инфекции. Неговата задача е да открие и уништи патогени микроорганизми кои навлегле во организмот со цел да се спречи заразата.

Важна улога при имунолошкиот одговор на организмот имаат имуноглобулините, протеини произведени од плазматичните клетки и лимфоцитите. Тие се приврзуваат на надворешните натрапници во организмот, ги препознаваат и се врзуваат со специфичните антигени за да ги уништат.

Другата важна компонента на имунолошкиот систем се мемориските Б-клетки, плазма клетки кои можат да создадат антитела на подолго време. Активноста на овие клетки е најголема во текот на првите две седмици од инфекцијата, а меѓу две до четири седмици одговорот слабее, но самите мемориски клетки можат да опстојуваат подолго време, заштитувајќи го организмот од реинфекција, формирајќи адаптивен хуморален имунитет.

Едно од главните прашање по чиј одговор во моментов трагаат научниците е колку долго трае ваквата запштита кај оние кои ја преболеле болеста Covid-19.

Откако патогенот, како што е на пример вирус или бактерија, ќе го нападне организмот, Б-клетките почнуваат да произведуваат антитела. Во почетокот во текот на активната фаза од заразата ги произведуваат имуноглобулините: прво М (IgM), потоа IgG и на крајот IgA.

Американските биолози го проучувале одговорот на антителата на SARS-CoV-2 на група од 100 испитаници. Првиот пат групата била тестирана на антитела околу 40 дена по заразата, а последниот пат по шест месеци.

Резултатите покажале дека титрите на антителата (ограничувачко разредување на серумот на кој може да се детектираат антитела) на IgM и IgG на протеинот на „шилците“ на коронавирусот значително се намалиле. Меѓутоа, имуноглобулинот А (IgA) настрадал помалку. Во текот на 1,3 до 6,2 месеци по заразаа, научниците забележале реакција на мемориските Б-клетки на SARS-CoV-2, што е приближно во согласност со животниот век на антигенот на вирусот во организмот.

„Реакциите на Б-клетките се одговорни за заштитата од повторна инфекција и се неопходни за ефикасна вакцинација. Забележувајќи дека одговорите на мемориските Б-клетки не исчезнуваат по 6,2 месеци, туку продолжуваат да се развиваат, силно сугерира дека луѓето кои оздравеле од Covid-19, можат брзо и ефикасно да одоворат на вирусот при повторен контакт со него“, пишуваат авторите на студијата.

Според научниците, по формирањето на меморските клетки во тек на околу шест месеци по заразата, има помала веројатност за повторна зараза кај лицата кои веќе биле болни. Покрај тоа, истражувачите забележале и поголема отпорност на овие Б-клетки на мутациите на коронавирусот.

Коронавирус