Дваесетгодишна студентка почина на Универзитетот во Конектикат задушувајќи се на натпревар во брзо јадење палачинки!
Несреќата се случила минатата година, а семејството на починатата Кетлин Нелсон во понеделникот поднесе тужба против Универзитетот.
Организаторите се обиделе да ги ослободат дишните патишта на несреќната девојка, но не успеале да ја спасат. Во тужбата е наведено дека нејзината уста била „претрпана со палачинки, речиси до забите”.
Таа прво била однесена во локалната болница, а потоа пренесена во Њујорк, во Медицинскиот центар на Универзитетот Колумбија, каде што починала неколку дена подоцна.
Со тужбата се бара парична отштета од Универзитетот, но исто така и да се подигне свеста за опасностите од аматерските натпревари во јадење.