вторник, 31. март 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Наставник по музичко осуден на 11 години затвор поради постови на Фејсбук

Наставник по музичко осуден на 11 години затвор поради постови на Фејсбук

Суд во Виетнам осуди наставник по музичко на 11 години затвор поради серија објави на Фејсбук, кои според властите, биле против државата.

Нгуен Нанг Тин (43) е обвинет за „производство и дистрибуирање на антидржавни информации и материјали“ на еднодневното судење во провинцијата Нге Ан, соопшти неговиот адвокат, додавајќи дека тој ќе мине пет години во домашен притвор по издржувањето на затворската казна.

Според адвокатот, Тин ги отфрла обвиненијата, велејќи дека контроверзниот профил на Фејсбук не е негов.

-Обвинителството не се откажа од тврдењето дека корисник на Фејсбук по име Нгуен Нанг Тин и мојот клиент се истата личност, додаде адвокатот.

Тин беше уапсен во мај, откако беше утврдено дека пишува и споделува антидржавни објави на Фејсбук. (МИА)