четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 153
home Вести

Наставниците во Њујорк од денеска мора да бидат вакцинирани

Наставниците во Њујорк од денеска мора да бидат вакцинирани

Наставниците и училишниот персонал во Њујорк од денеска треба да се вакцинираат против Ковид-19.

Претседателот на Обединетиот синдикат на наставници, Мајкл Малгру рече дека 97 проценти од членовите на неговиот синдикат примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио во петокот предупреди дека 148.000 луѓе вработени во училиштата мора да бидат вакцинирани за да не добијат неплатено отсуство или прекин на работата.

Според него, 90 проценти од вработените во Министерството за образование примиле барем една доза од вакцината, вклучувајќи 98 проценти од директорите на училиштата.  (МИА)

Коронавирус