петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Наскоро можен договор за Брегзит

Наскоро можен договор за Брегзит

Ирскиот министер за надворешни работи, Сајмон Ковени денеска изрази уверување дека во наредните денови има големи шанси да се склучи трговски договор меѓу Велика Британија и Европската унија.

– Време е да бидеме трпеливи и да му веруваме на Мишел Барние. Мислам дека ако го направиме тоа, имаме добри шанси да склучиме договор во следните неколку дена, рече Ковени.

Ирскиот дипломат е една од клучните фигури во преговорите за Брегзит во претходните години, а Барние е главниот европски преговарач за идните односи меѓу Европската унија и Велика Британија.

Коронавирус