среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 193
home Вести

НАСА зеде примерок од астероидот Бен

НАСА зеде примерок од астероидот Бен

Вселенското летало Озирис-Рекс на НАСА слета на површината на астероидот Бен и зема примерок од карпата што доаѓа од почетокот на нашиот Сончев Систем.

Механичката рака на сондата, долга 3,35 метри, зеде неколку камења од подрачјето околу северниот пол на астероидот. Бен, чиешто тело е во облик на желад, се создал на почетокот на Сончевиот Систем, и можеби може да одговори на некои прашања околу почетокот на животот на Земјата.

Операцијата траеше 16 секунди и бараше голема прецизност. Сè беше успешно изведено, и тоа на растојание од 330 милиони километри од Земјата.

– Сè мина совршено. Ние испишавме историја вечерва, изјави шефот на мисијата Данте Лорета неколку минути по завршетокот на мисијата.

Сондата ќе испрати слики од примерокот во текот на денот, така што научниците ќе можат да утврдат колку материјал е собран и дали е потребен друг обид за собирање примероци. Доколку се утврди дека мисијата е успешна, сондата ќе се упати кон Земјата, а нејзиното пристигнување се очекува 2023 година.

Сондата долга шест метри орбитира околу Бену од крајот на 2018 година, подготвувајќи се за оваа многу сложена операција.

Јапонија лани успеа со својата сонда Хајабуса-2 да собере мала количина прав од друг астероид – Рајугуа, и сега леталото е на пат кон Земјата.

Коронавирус