среда, 2. декември 2020. Вести денес: 51
home Вести

НАСА распиша конкурс за вработување на астронаути

НАСА распиша конкурс за вработување на астронаути

Националната аеронаутичко вселенска агенција (НАСА) синоќа објави конкурс за астронаути, заинтересираните можат да аплицираат од 2 до 31 март 2020 година.

Последен пат НАСА распиша сличен конкурс за обука на астронаути пред четири години. Во најновиот опис на задолженијата се вели дека агенцијата сака да испрати нова класа астронаути на Меѓународната вселенска станица, со „намера да заминат на Месечината и на Марс“, за поколението Артемис.

Програмата Артемис е низа од мисии со цел постојано присуство на луѓе на Месечината кои треба да започнат од 2024 година, при што ќе биде испратена и првата жена на Земјиниот сателит.

Во конкурсот се наведени условите кои треба ги исполнат кандидатите.

Основен услов е поседување државјанство на САД и магистерска диплома од инженерски, биолошки, физички или компјутерски науки, или математика, добиена од акредитиран факултет.

Се примаат и кандидати кои работат на докторска дисертација или имаат диплома за доктор на медицина или доктор за остеопатска медицина.

Кандидатите исто така треба да имаат двегодишно професионално искуство, или најмалку 1,000 часови пилотско искуство со управување на млазни авиони. Идните космонаути треба да го поминат лекарскиот преглед на НАСА за долготрајно летање во вселената.

Инаку, во новиот предлог буџет за 2021 годна на претседателот Доналд Трамп, предвидени се зголемени средства за проектите на НАСА за испраќање човек на Месечината до 2024 година. Оваа програма лани ја најави потпретседателот Мајк Пенс.

Коронавирус