недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 68
home Вести

НАСА произведе респиратор за пациенти заразени со коронавирусот

НАСА произведе респиратор за пациенти заразени со коронавирусот
Photo Date: 2020-01-10 Location: Teague Auditorium Subject: Graduation ceremony of the 2017 class of Astronaut Candidates. Photographer: James Blair

За само 37 дена НАСА успешно разви прототип на респиратори кој може да се користи како помош на луѓето заразени со новиот коронавирус.

Респираторот е наречен VITAL (Ventilator Intervention Technology Accessible Locally) и се уште чека дозвола од надлежните власти.

„Специјализирани сме за летала, не за медицински уреди. Сепак, инженерството, ригорозните тестирања и брзата изработка на прототип се некои од нашите специјалности“, изјави Мајкл Воткинс, директор на Лабораторијата за млазен погон на НАСА.

VITAL е дизајниран како инвазивна метода, но нема да трае колку и традиционалните респиратори. Лиценцата ќе биде бесплатно достапна за сите компании заинтересирани за производство на овој респиратор.

„Како и сите респиратори, за користење на VITAL ќе биде потребно да се стави цевка во дишните патишта за да се овозможи дишење на пациентот. Новиот уред не ги менува актуелните респиратори кои можат да траат со години и се направени за широк спектар на медицински проблеми, но може да трае 3 до 4 месеци и е наменет исклучиво за пациенти заразени со коронавирусот“, објасни Воткинс.

ЕУРО 2020

Македонија