вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 101
home Вести

НАСА предупреди: Кон Земјата се приближува потенцијално опасен астероид

НАСА предупреди: Кон Земјата се приближува потенцијално опасен астероид

Астероид, класифициран како „потенцијално опасен“, ќе се приближи до Земјата на 6 јуни, соопшти НАСА.

Како што е наведено, астероидот, чиј дијаметар е помеѓу 250 и 570 метри, се очекува да помине покрај Земјата на растојание од 5,1 милион километри со брзина од 11,1 километар во секунда, пренесува агенцијата ТАСС.

Во моментов астрономите откриле повеќе од 8.000 астероиди со дијаметар од над 140 метри во радиус од седум милиони километри од Земјата.

Според експертите на НАСА, вкупниот број на големи астероиди во вселената близу Земјата можеби достигнува 25.000, пренесува Space.com.