сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 130
home Вести

НАСА испраќа сонда кон Сонцето

НАСА испраќа сонда кон Сонцето
epa06002064 Dr. Eugene Parker (L), the S. Chandrasekhar Distinguished Service Professor Emeritus in the Department of Astronomy and Astrophysics at the University of Chicago, is presented the NASA Distinguished Public Service Medial and Certificate at the introduction of the Parker Solar Probe at the William Eckhardt Research Center Research Center at the University of Chicago in Chicago, Illinois, USA, 31 May 2017. The probe, named for Parker who first predicted the existence of solar wind, is scheduled to launch in 2018 and is to fly into the corona of the sun at an altitude as close as 3.9 million miles (6.2 million kilometers) as it studies the science of the sun. EPA/TANNEN MAURY

НАСА привршува со тестирањата на сондата Паркер, која наскоро ќе биде испратена кон Сонцето. Агенцијата ќе го лансира леталото на 4 август годинава, и предвидено е доближување на рекордно мало растојание до нашата ѕвезда.

Мисијата, која би требало да трае седум години, има за цел да се дојде на околу 6,1 милион километри од Сонцето. За споредба, најблискиот објект од Сончевиот Систем, планетата Меркур е 46,6 милиони километри оддалечена од него.

За својата цел, НАСА изработи нов тип топлински штит изработен од јаглеродни влакна и „посебна бела формула”, која ќе треба да одбие што повеќе топлина. Леталото ќе биде изложено на температура од околу 1.370 степени Целзиусови. Ако штитот работи според планот, тоа ќе треба да обезбеди работна температура на електронските компоненти од околу 29 степени Целзиусови.

Сондата е именувана според астрономот Јуџин Паркер, кој меѓу друго, е познат по теоријата за т.н. Сончев ветар.

Локални избори 2021