вторник, 23. јули 2019. Вести денес: 0
home Вести

Направиле најсовршени банкноти- некој внимателно го прочитал ситниот текст на нив и увидел грешка (ВИДЕО)

Направиле најсовршени банкноти- некој внимателно го прочитал ситниот текст на нив и увидел грешка (ВИДЕО)

Австралиската централна банка преземала одговорност за отштампаната грешка на 46 банкноти, откако една радио станица објави на друштвените мрежи дека на банкнотите има микроскопска грешка.

Радиот „Трпл М“ денеска на Инстаграм објави зголемена фотографија од банкнотата од 50 австралиски долари на која се гледа погрешно напишаниот збор „одговорност“, пренесува агенцијата АП.

Зборот „responsibility” (одговорност) се појавува на банкнотата три пати, при што третата буква „и“ е изоставена.

Австралиската централна банка вели дека оваа правописна грешка ќе биде исправена при наредното штампање оваа година.