петок, 7. мај 2021. Вести денес: 88
home Вести

Направија масакр на свадба во Јемен: 20 сватови загинале, 46 ранети во воздушни напади (ВИДЕО)

Направија масакр на свадба во Јемен: 20 сватови загинале, 46 ранети во воздушни напади (ВИДЕО)

Најмалку 20 лица кои присуствуваа на венчавка во село на североистокот во Јемен, загинаа во воздушни удари на коалицијата предводена од Саудиска Арабија.

Според наводите од локалната болница, 46 луѓе се повредени, додека некои од очевидците изјавија дека меѓу повредените има и деца.

Портпаролот на коалицијата на чело со Саудиска Арабија изјави за „Ројтерс“ дека примеле извештај, што сериозно го разгледуваат, како и дека ќе биде спроведена целосна истрага.

Саудиска Арабија веќе три години војува со бунтовничките Хути, што контролираат значаен дел од северен Јемен.

Коронавирус