вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 41
home Вести

Напаѓачот врз редакцијата на весник во Анаполис идентификуван по лицето

Напаѓачот врз редакцијата на весник во Анаполис идентификуван по лицето

Во нападот врз редакцијата на локалниот американски весник „Капитал газет” во Анаполис, во кој беа убиени пет лица, напаѓачот намерно си ги оштетил своите отпечатоци на прстите, за да спречи полицијата брзо да го идентификува.

Полицијата, меѓутоа, по апсењето го идентификувала извршителот, Џерод В. Рамос, преку технологија на препознавање лица, јавија американски медиуми повикувајќи се на полициски извори.

– Мотивот засега е непознат, изјави официјалната претставничка на округот Ен Арундел.

Пет лица беа убиени, и 20-на повредени во пукање во редакцијата на локалниот весник „Капитал газет” во Анаполис, главен град на државата Мериленд.

Во меѓувреме, полицијата ги идентификуваше жртвите, а на еден веб-сајт за собирање пари се донирани повеќе од 20.000 долари за помош на весникот за само три часа.

МИА

Коронавирус