сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 88
home Вести

Напаѓачот во Загреб е 22-годишно момче: Пред да си го одземе животот ја остави оваа порака на Фејсбук

Напаѓачот во Загреб е 22-годишно момче: Пред да си го одземе животот ја остави оваа порака на Фејсбук

Напаѓачот кој утрово отвори оган кон полицаец и зградата на Владата на Марковиот плоштад во Загреб, а потоа изврши самоубиство во Јабуковац, според неофицијални информации, се викал Даниел Безук. Тој имаше 22 години.

„Доста беа измами и несовесно газење на човечките вредности без одговорност“, напишал тој утрово на Фејсбук веднаш по пукањето со Калашников.

Безук живеел во областа Кутина, а неговиот татко бил доброволец во Татковинската војна, пишуваат хрватските медиуми.

Според порталот Индекс.хр, младиот човек пукал од „калашников“ откако му го одзел оружјето на својот татко.

Индекс се обидел да стапи во контакт со некои од членовите на семејството на младиот човек, но не успеале во тоа. Имено, чичкото на младиот човек рекол дека е болен, а расплаканата жена која одговарала на телефонот ја прекинала врската.

Тој од порано не им бил познат на полициските службеници, се вели во официјалното соопштение на Министерството за внатрешни работи.

Ранетиот полицаец не е во животна опасност и неговата состојба е стабилна. Нема повреди на срцето, белите дробови и абдоминалните органи. Прострелните рани му предизвикале фрактури на коските, објавија од  КБЦ, додавајќи дека тој имал четири рани, две во левата рака и по две на двете страни од телото.

Коронавирус