сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 72
home Вести

Напаѓачката на централата на „ЈуТјуб“ била гневна на компанијата

Напаѓачката на централата на „ЈуТјуб“ била гневна на компанијата

Таткото на Насим Агдам, осомничена дека пукала во три лица во централата на „ЈуТјуб“, вели дека таа била гневна на компанијата, затоа што престанала да и плаќа за видео материјалите кои ги поставувала на сајтот.

Исмаил Агдам изјави дека ја предупредил полицијата за можноста неговата ќерка да отиде во централата, затоа што таа ја мразела компанијата.  Освен тоа, во понеделникот тој го пријавил во полиција нејзино продолжено отсуство, бидејќи таа два дена не одговарала на телефонските повици.

Агдам рекол дека полицијата во Маунтин Вју му се обратила вчера околу  2 часот по локално време и му рекле дека ја нашле Насим како спие во автомобил. Тој ги предупредил дека може да отиде во  централата на „ЈуТјуб“.

Портпаролката на полицијата во Маунтин Вју Кејти Нелсон потврди дека полицијата нашла жена со исто име и презиме како спие во автомобил на паркинг во градот во вторникот изутрината, која не сакала да даде објаснување.

Коронавирус