сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 54
home Вести

Напаѓачи ослободија 266 затвореници од нигериски затвор

Напаѓачи ослободија 266 затвореници од нигериски затвор

Тешко вооружени напаѓачи утрово упаднаа во еден затвор во централниот дел на Нигерија, разнесоа ограда и ослободија 266 затвореници, речиси сите што се наоѓале внатре, соопштија денеска властите.

Во нападот загинаа војник и полицаец, а двајца чувари се водат како исчезнати, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тоа е второ големо бегство од затвор во Нигерија оваа година.

Напаѓачите ја разнесоа оградата од три страни и се судрија со чуварите во затворот во Каба, државата Коги, југозападно од главниот град Абуџа, соопштија властите. Нигерија се соочува со безбедносни проблеми на нејзината огромна територија, вклучувајќи вооружени грабежи од криминални групи, исламски бунт на североисток од земјата и серија масовни киднапирања од училишта на северозапад.

Дваесет и осум од вкупно 294 затвореници во Каба не избегале, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Вооружени напаѓачи нападнаа затвор во Овери во југоисточната држава Имо во април, ослободувајќи повеќе од 1.800 затвореници.

Коронавирус