вторник, 25. јуни 2019. Вести денес: 31
home Вести

Напад врз автобус со туристи кај пирамидите во Гиза

Напад врз автобус со туристи кај пирамидите во Гиза

Повеќемина туристи се ранети денеска при експлозија на бомба крај туристичка автобус во близина на новиот Голем египетски музеј, што се гради во реонот на познатите пирамиди во Гиза.

Египетските безбедносни сили го потврдија нападот, без да соопштат информација за бројот на жртвите.

– Експлозивна направа беше активирана покрај ѕидот на музејот, изјави за ДПА претставник на безбедносните сили, кој побарал анонимност.

Нападите врз египетските безбедносни сили и припадниците ја коптското христијанско малцинство зачестија во Египет, по соборувањето од власти на претседателот -исламист Мохамед Морси од страна на Армијата во 2013 година.