четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 75
home Вести

Напад пред џамија: Две лица ранети

Напад пред џамија: Две лица ранети

Две лица се ранети денеска од истрели од огнено оружје пред џамија во западниот француски град Брест, соопшти локалната полиција.

Во соопштението се посочува дека засега неидентификуван напаѓач отворил оган врз муслимански верници кои излегувале од џамијата.

По инцидентот напаѓачот побегнал во непознат правец.

Мотивите за нападот засега не се познати.

Коронавирус