недела, 27. септември 2020. Вести денес: 44
Во живо

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Вести

Наместо од коронавирус овие луѓе умираат од алкохол кој го користат како превенција- во оваа земја само до денес над 3.000 лица се затруле

Наместо од коронавирус овие луѓе умираат од алкохол кој го користат како превенција- во оваа земја само до денес над 3.000 лица се затруле

Повеќе од 3.100 луѓе се затруле со алкохол во Иран, а досега починале 320 од нив, соопшти портпаролот на Министерството за здравство Киануш Џаханпур.

Алкохолот во Иран е забранет, но во земјата се произведува метил алкохол. Во екот на епидемијата на коронавирусот во земјата се зголеми и бројот на труења со фалсификуван и со метил алкохол, кој се употребува „против“ Ковид-19.

Од сите 3.117 луѓе со алкохолно труење, 1.066 се хоспитализирани.

Во моментов во Иран се регистрирани 44.600 случаи на заразени со коронавирусот. Оздравеле 14.565 луѓе, а 2.898 са починале.

Коронавирус