понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 58
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Наместо молитва од џамијата ечеше „Бела Чао“ (ВИДЕО)

Наместо молитва од џамијата ечеше „Бела Чао“ (ВИДЕО)

Турските власти ловат хакери кои ја пуштија песната, но и за сите оние што одобруваат ваков потег.

Неколку џамии во турскиот град Измир доживеаја хакерски напад во кој песната „Бела чао“, симбол на антифашистичка борба и општо отпорот, „ечеше“ од звучниците наместо молитвата.

Снимките од Измир се шират на социјалните мрежи, каде се чини дека снимателите дури уживаат во промената, но овој инцидент не беше воопшто забавен за турските власти и верските лидери.

Покрај тоа што покренале истрага против оние кои провалиле во звучниот систем и ја пуштиле песната, турските власти ги гонат и сите оние што го објавиле записот на социјалните мрежи и го „поддржувале или фалеле“ објавувањето на песната, бидејќи таквото однесување го гледаат како „јавно кршење на религиозни вредности“.

И покрај предупредувањата и заканите, снимките не престанаа да се шират на социјалните мрежи, а некои од нив можете да ги погледнете подолу.

Коронавирус