вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 60
home Вести

НАМЕСТО ЛЕК, ТАТКО НА СВОЈАТА ПЕТГОДИШНА ЌЕРКА И ДАЛ КОКАИН – познато во каква состојба е девојчето, поднесена кривична пријава против родителот

НАМЕСТО ЛЕК, ТАТКО НА СВОЈАТА ПЕТГОДИШНА ЌЕРКА И ДАЛ КОКАИН – познато во каква состојба е девојчето, поднесена кривична пријава против родителот

Петгодишно девојче од Италија е на интензивна нега откако татко и на 24 декември наместо лек по грешка растворил кокаин во чаша со вода и и дал да се напие.

Брзата помош во Равена веднаш дошла на повик на таткото и детето во тешка состојба било пренесено во болницата во Болоња.

Лекарите велат дека детето е во стабилна состојба, но дека неговата состојба се уште постојано се следи, јавуваат локалните медиуми.

Таткото признал во полиција дека по грешка наместо лек, помешал дрога во водата но дека веднаш повикал лекари. Благодарение на неговата навремена реакција не е загрозен животот на детето, пренесуваат медиумите.

Против таткото на девојчето е поднесена кривична пријава и му се заканува затворска казна до шест месеци.

Коронавирус