петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 66
home Вести

Намалени инфекциите кај децата во Белгија, најпогодени лицата над 40-годишна возраст

Намалени инфекциите кај децата во Белгија, најпогодени лицата над 40-годишна возраст

Откако прогласи нов локдаун и ги затвори училиштата, Белгија се соочува со мало подобрување на состојбата со Ковид-19, но ситуацијата останува нестабилна.

Здравствените власти информираат дека трет ден по ред е констатирано намалување на бројот на новозаразени и се очекува трендот да продолжи. Охрабрува фактот што е намален бројот на заразени деца и адолесценти, но тоа може да се должи и на намалениот број на тестови за оваа категорија поради тоа што училиштата се затворени.

Најпогодена категорија се лицата над 40 годишна возраст во овој момент, а кај најстарите бројките продолжуваат да растат, но се стабилизираат, најверојатно благодарение на вакцинацијата.

Продолжува да расте и бројот на хоспитализирани иако со помал интензитет, но највеќе загрижува фактот што болниците многу скоро нема веќе да имаат слободни кревети на интензивна нега, предупредија од кризниот штаб.

Што се однесува до вакцините до сега се аплицирани две милиони дози главно за лица над 65 години.

ЕУРО 2020

Македонија